Свет

Од бегалка од Босна до министерка во Шведска

Од бегалка од Босна до министерка во Шведска

„Ја оставивме куќата, роднините и пријателите. Едвај собравме пари за да заминеме во Шведска,“ напиша на својот блог Аида Хаџалиќ (27).

Таа имала само пет години кога војната ја натерала со родителите да избега од родната Фоча. Но, кратко по пристигнувањето во Шведска, нејзините родители добиле работа, а таа заминала во училиште.

520828_aida-hadzialic02foto-ap_f

„Шведскиот модел на социјална помош кој на мене и моето семејство ни подари нова шанса, ми влијаеше подоцна да постанам социјал-демократ.Верувам во идејата за помагање на другите и сакам да му се оддолжам на општеството што ми помогна,“ изјавила Аида Хаџиалиќ за шведскиот „Афтон бладет“.

Во политиката се вклучила на 16 години, по убиството на шведската политичарка Ана Линд кој ја уби Мијаило Мијаиловиќ (35), Швеѓанец со српско потекло. Аида се придружи на Шведската социјалдемократска унија (ССУ) а по стекнатата диплома правник, постана заменик на градоначалникот на Халмстад. Имала само 23 години.

Сега и е доверено Министерството за образование во новата Влада која минатата недела ја претстави шведскиот премиер Стефан Лефвен.

„Мислам дека добро ќе си ја вршам работата. Околу мене имам одличен тим на луѓе. Драго ми е што премиерот ги препозна моите вештини и искуство. Се надевам дека нема да го разочарам,“ изјави најмладата министерка во шведската историја.

Таа во средното учлилиште нижела само најдобри оценки, па можела да бира каде ќе го продолжи образование. Иако имала доволно поени за Оксфорд и Кембриџ, одлучила да остане во Шведска и се запишала на правни студии на Универзитетот во Лунд. Како министерка планира да подобри се што во текот на студиите го забележала како недостаток.

„Се надевам дека ќе успеам да ја приближам политиката до младите, бидејќи тоа претставува нешто што би требало да ги интересира,“ изјави Аида.

Првите години во животот кои ги поминала во Босна не ги памети добро, но се сеќава дека биле трауматични.

„Моите родители имаа големи планови за иднината, но се тоа исчезна кога нашите фотографии изгореа,“ изјави министерката.

Таа ги повика грѓаните на БиХ да го остварат своето избирачко право кога им се пружа прилика за тоа.

„Народот сам треба да креира држава каква што сака, а не да чека помош од ЕУ или Америка,“ изјави Аида Хаџиалиќ.