Од црква во Венецуела украдено бронзено ѕвоно од половина тона

Бронзено ѕвоно тешко 500 килограми е украдено од црква во градот Кумани само неколку часа пред почетокот на Велика недела во Венецуела, особено релиозна земја погодена од економска криза.

Непознати лица влегле во црквата на света Инес во самиот центар на главниот град на североисточната сојузна држава Сукре и го украле ѕвоното, се наведува во соопштението на полицијата.

Црквата, којашто е прогласена за национален споменик, е градена меѓу 1862 и 1866 година на темелите на постара црква од XVIII век. Украденото ѕвоно потекнува од оригиналната камбанарија и било изложено во дворот поставено на камен постамент.

„Никако не можеме да сфатиме како успеале да го однесат ѕвоното. Четворица мажи не би можеле да ги подигнат“, се чуди Орландо Рамос, член на жупанијата Света Инес. Додава дека на католички Цветници со која започна Велика недела, свештеникот се молел и за крадците, како и за тоа да го вратат ѕвоното на црквото.

Но не би можело да се каже дека кражбата на ѕвоното е осамен случај во Венецуела. Невладиното здружените Центар во служба на народната акција предупредува на исчезнувањето на скулптури и бронзени плочи последните неколку месеци ширум земјата погодена од криза во којашто народот трпи недостиг од основните продукти.

„Сведоци сме на процесот на разградување на историското наследство во некои градови на Венецуела, каде што ова наследство не е заштитено“, истакнуваат од невладиното здружение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.