Македонија

Од денес нови цени на горивата

Од денес нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од ноќеска на полноќ.

Цената на нафтата на светските берзи во изминатата недела бележеа значителни промени, а на крајот на минатата недела цените се „закотвија“ на ниво 44,5 долари за еден барел.

Пред две недели, кога Регулаторната комисија за енергетика ја определи цената, просечно, барел нафта чинеше 46,3 долари за барел, што значи дека петочната цена е за близу 2 долари поевтина од актуелната.

Но, кога ќе се извади просекот, за очекување е дека со денешната корекција нема да има поголеми движења на цените.