Од денеска алкохол ќе се продава до 19 часот

Oд денеска, алкохолните пијалаци во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот, наместо до 21 часот.

Продолженото време на продажба до 21 часот, според законските обврски, важи од мај до крајот на септември.

За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.