недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Од денеска до 30 јуни пријавување на штетите од невремето

Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка,

steti-izmrznuvanje-640x359

Поврзани вести

Земјоделците од денеска до 30 јуни можат да поднесуваат барање за проценка на штети на земјоделските површини од климатски неповолниот настан – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град од 14 јуни 2017 година во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион, соопшти Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство.

Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството. Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

За проценката на штетите формирани се седум комисии од подрачните единица каде е настаната штетата кои веќе направија првичен увид на земјоделските стопанства.

Од теренскиот увид, комисиите ќе изготват записници кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател.

Исплатата ќе биде преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета, соопшти МЗШВ.

Најчитани вести