Македонија

Од денеска намалување на температурите, ветер и снег

Од денеска намалување на температурите, ветер и снег
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер, а во попладневните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови.

Температурата ќе се движи од два до десет Целзијусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до пет степени.

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата.