Од денеска низ Скопје повторно во сообраќај панорамските автобуси

Од денеска во сообраќај на редовните линии се пуштени панорамските автобуси, информираат од ЈСП „Скопје“.

Автобусите за панорамско разгледување на главниот град ќе сообраќаат во два термина во 11 и во 13 часот.

Најголем број туристи минатата година го посетиле Скопје, а според податоците на Државниот завод за статистика, се евидентирани 701.794 туристи, од кои 399.680 странски.