петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Од денеска ограничување за движење во шуми

Ограничувањето за движење во шумите е за периодот од седум часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава.

шума

Последни вести

Како превентивна мерка за заштита од пожари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  од денеска воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Воведена е и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата.

Ограничувањето за движење во шумите е за периодот од седум часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава.

Како што информираат од МЗШВ,  од 17 часот попладне до седум часот часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др). Ова ограничување не важи за организирана тура туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови, која ќе биде во придружба на претсваник од ЈП „Македонски шуми“ или националните паркови.

За непочитување на одредбите од забраната, укажува ресорното Министерство, на физички лица затекнати во шума без дозвола од „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност,  согласно член 106 од Законот за шумите.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, а со шумите за посебна намена управуваат ЈУ национални паркови „Маврово“ , „Пелистер“ и „Галичица“,  ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Забраната за палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата е сочласно член 23 од Законот за ловството  и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, а како превентивна мерка за заштита од шумски пожари. За непочитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Најчитани вести