Од денеска отворени денови со катастарот

Агенцијата за катастар на недвижности од денека до 30 јануари во период од 9 до 17 часот во Центарот за катастар на недвижности Скопје, на улица Дрезденска бб ќе организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на Град Скопје.

Од Агенцијата за катастар на недвижности ги повикуваат сите граѓани кои имаат било какви нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат и да се консултираат за сите прашања.

Граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот на телефоните 3097-300 и 3097-337.