Македонија

Од денеска пензионерите ќе се возат бесплатно и во недела

Од денеска пензионерите ќе се возат бесплатно и во недела

Пензионерите од денеска ќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП и во недела.

Треба само да ја покажат личната карта.

Одлуката ја донесе Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19 февруари годинава, но со одложена примена до завршувањето на претседателските и парламентарните избори.

Повозрасните граѓани досега имаа можност бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“ во вторник, петок и сабота.