Од денеска почнува летниот распуст

Од денеска почнува летниот распуст за учениците од основните и средните училишта кој ќе трае до 1 – ви септември.

Во учебната 2013/2014 година настава следеа над 200 илјади основци и средношколци, а околу 20.800 деца за првпат седнаа во училишните клупи.

Со крајот на учебната година се заокружува и годинашното екстерно тестирање со кое беа опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.