Од денеска почнува забраната за тешки товарни возила во Скопје

Од денеска почнува забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот, и тоа од 10:00 до 20:00 часот, во периодот до први септември.

Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Владата на Република Македонија.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

На патот Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

На патот Радовиш – Конче (Р-2433) има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.