четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

Од денеска почна грејната сезона

Испораката на топлинска енергија до потрошувачите започнува порано од вообичаено поради падот на температурите.

parno

Последни вести

Од денеска почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се во системот на снабдување со топлина„ Балкан енерџи“ во Скопје.

Испораката на топлинска енергија до потрошувачите започнува порано од вообичаено поради падот на температурите.

„Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15. октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управа за хидрометеролошки работи на Република Македонија. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
Во изминативе неколку денови, екипите вршеа континуирани ладни проби на системот со цел да се отстранат евентуалните пречки и да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија до потрошувачите“, се вели во известувањето од компанијата.

Компанијата ги информира сите постојни потрошувачи дека евентуалните дефекти се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на следнот линк: http://beg-distribucija.com.mk/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или СМС порака на следниве телефонските броеви: 076 350 298, 078 207 056 и 070-369-337.

Најчитани вести