Од денеска поевтини огревни дрва за 10 отсто, за социјално ранливите категории 15 отсто

Од денес па до 30.09.2014 година сите заинтересирани граѓани од Македонски шуми ќе можат да набават буково огревно дрво од прва класа поевтино за 10 отсто со паќање во готово, а лицата од социјално ранливите катефории поевтино за 15 отсто. Тоа значи дека новата цена на буковото огревно дрва со попуст од 10 отсто е 2133,60 денари за м3, а цената за лицата корисници на социјална помош со 15 отсто е 2015,03 денари. Цената на дабовото дрво останува непроменета и изнесува 2450 денари.

Ова денеска го истакна Тони Јованов, помошник – директор на Сектор за уредување на шуми, ловишта и проектирање при Македонски Шуми.

Во Македонија дрва за огрев користат околу две третини од граѓаните и од Македонски шуми информираат дека се подоготвени да одговорат на потребите на сите заинтересирани граѓани.

Јованов упати апел до сите грѓани да внимаваат од каде набавуваат дрво за огрев за да не испадене парите да си ги дадат за џабе и дрвата да им бидат одземени. За дрвата кои што ќе ги купат од продавачот тие треба да побараат испартница и дрвата да бидат жигосани.

За сите диви продавачи на дрва ќе следуваат санкции бидејќи со нивната непланска сеча се прави нарушување на екосистемот.

-Сите кои што ќе дознаат дека има нелагални сечи или пак се нуди на пазарот нелегално исечено дрво да ги известат шумочуварските служби и шумската полиција да превземе на лице место се со цел да ја намалиме таа дива сеча. Дивата сеча придонесува за ништење на шумскиот фонд, придонесува за загадување на околината, передизвикување на ерозија, намалување на водите со еден збор го уништува екосистемот, потенцираше Јованов.

Јованов ги повика граѓаните да купуваат дрва во Македонски шуми, нешто што е проверено, а уплатите можат да се вршат директно на благајните во шумските складови, во централните магацини и во подружниците на Македоски шуми.