Македонија

Од денеска, повторно со воз до Солун

Од денеска, повторно со воз до Солун

Грчкиот патнички воз „Хелас“ од денеска повторно сообраќа на железничката линија Солун, Скопје и Белград.
Од Скопје за Солун возот тргнува во 5:15 часот наутро, а пристигнува во 11:16 часот по локално време. Тргнувањето од Солун е во 15.52 часот, а пристигнувањето во Скопје во 19.50 часот.

Цената на билетот во една насока од Скопје е 12,2 евра, а на повратниот билет 19,5 евра. Според најавите, од 10 мај до 10 јуни билетите за сите патници ќе бидат поевтини за 30 проценти.Од Белград возот ќе пристигнува во Скопје во раните утрински часови, а оттаму ќе тргнува во 18:15 часот.

Преку летото ќе сообраќаат и вагони за превоз на автомобили помеѓу Белград и Солун, а постои интерес и за повторно воведување директни вагони помеѓу Солун и главните градови на Чешка, Словачка и Русија. Се планира и воведување на железничка линија од Солун за Софија.

Меѓународниот воз Солун-Скопје-Белград не сообраќа од февруари 2011 година, откако грчките железници донесоа еднострана одлука за укинување на оваа линија.