Од денеска во продажба билети за „Златна Бубамара на популарноста“

Интегрално соопштение за манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“:

Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, пред нас е 21. издание на Златна БУБАМАРА, кое е – задолжително.

Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е – добрата забава!
Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!
Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот!
Златна Бубамара ќе се оддржи за прв пат во Вип арената Борис Трајковски на 22 февруари.

Ве очекуваме.

Патни трошоци не ви признаваме, а за се друго Че разговараме. И да знаете – колку и да трае Че си седите!

Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24 ја, точно во 12:369 часот преку www.mktickets.mk и на други продажни места за кои дополнително ќе ве известиме, а кои се познати по продажба на билети.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.