Од денеска воени маневри во северниот дел на Германија

Германската армија, денеска започна воени маневри во северните делови на државата. Вежбите ќе траат со 23 мај, соопшти претставник на Биндесверот.

На воените вежби ќе учествуваат околу 4.500 германски војници, заедно со воени единици од европски земји, САД и Турција.

Предвидено е да се користат стотина авиони и хеликоптери, како и борбени авиони од марката “Торнадо”.