Од денеска започнува со работа ВЕБ ГИС порталот на Катастарот

Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе го пушти во употреба новиот ВЕБ ГИС портал.

По тој повод свое обраќање ќе има директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Како новина на порталот може да се најдат информации односно точки од интерес за сите локации на Одделенијата за катастар на недвижности, нотарските канцеларии, приватните геодетски фирми, извршителите и општините.

Новина се и информациите за локации каде во тек е градба на нов објект со можност за увид во содржината на листот за предбележување на градба, од кој се видни слободните станови кој се во фаза на градба како и нивната површина на цела територија на Република Македонија