Од ебола починаа 2917 лица

Светската здравствена организација соопшти денеска дека од ебола починале 2. 917 лица и тоа од 6.262 заболени во пет западноафрикански земји погодени од таа болест.

Според СЗО, во Либерија недостасуваат 1.550 болнички кревети за заболените додека пак во Фасанкони и Гвинеја локалното население постави блокади по патиштата за на лекарите да им го спречат патот.