понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 41

Од Германија во делчевско Бигла: Државните субвенции ги враќаат нашинците дома

Зафир Васев од германскиот град Бретен каде живеел повеќе години, се врати во Македонија, во родното Бигла, делчевско. Вели дека покрај него, враќање назад во Македонија планира и неговиот син, пишува порталот „Република“.

zafir-vasev-640x384-520x312

Поврзани вести

Зафир Васев од германскиот град Бретен каде живеел повеќе години, се врати во Македонија, во родното Бигла, делчевско. Вели дека покрај него, враќање назад во Македонија планира и неговиот син, пишува порталот „Република“.

Васев раскажува дека во родното место се чувствува одлично, додавајќи дека родното место секогаш е добро, а како што викаат „и каменот ми е мил од местото кога го погледнав“. Повратникот од Германија вели дека Македонија нуди одлични услови за живот на село, а она што за него е неверојатно е што државата помага со субвенции.

Неверојатно е да има некој позади тебе да ти помага како што е државата која дава субвенции, само треба чесно да се работи за да се добијат субвенции кои се многу добри. Преку 1.000 различни садници имаме, сливи, бадеми, коштани, од сите насади имаме, истакнува Васев кој вели дека во Швајцарија човек на камен со хеликоптер носи земја и сади лозје и од тоа живее, мачејќи се.

vasev-del-bigla-640x360-520x293

А тука ние сме подобри од Швајцарија со имотот, додава тој.

Васев посочува и дека сериозно размислуваат за изградба на сместувачки капацитети, за оние туристи од странство кои сакаат да ја почувствуваат убавината и се заинтересирани за селскиот туризам.

Сакаме уште подобри работи да направиме, зграда да направиме која ќе користи за летен туризам. Има луѓе кои го сакаат природното и природата, сакаат да спијат како некогаш на рогозина, а не на кревет, душеци и море. Многу луѓе од Германија нè прашувале дали може тука да дојдат на селски одмор, објаснува Васев.

Васев додава дека и неговиот син, кој во моментов се наоѓа во Германија, планира да се врати назад, бидејќи како што вели не може да заборави дека е роден во Македонија.

vila-vasev-640x356-520x289

Овие успешни примери се потврда за вистинските одлуки, но и поттик за сите оние кои можеби имаат психолошка бариера за животот на село. Дополнително преку промовираниот проект „Од град во село за нов почетокот“ се нуди голема помош за граѓаните кои ќе донесат одлука да се преселат на село без разлика дали порано направиле емиграција од село во град.

На овие лица ќе им биде понуден исклучително поволен пакет мерки и бенефиции кој опфаќа парични средства за купување или доизградба, реновирање на куќа на село, бесплатно земјиште за работа и искористување на бројните мерки кои им стојат на располагање на земјоделците.

Проектот кој што е исклучително поволен ќе се применува две години, односно ќе започне од јануари 2017-та а ќе заврши во јануари 2019-та година.

Извор: Република

Најчитани вести