Од Град Скопје апелираат да не се пали оган за 1. мај

Забрана за палење оган во шума
Забрана за палење оган во шума

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да го поминат во природа, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот  Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.

Оттаму воедно информираат дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување и ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад  50 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.