Македонија

Од грип заболени над 5.000 граѓани

Од грип заболени над 5.000 граѓани

Изминатата недела до ИЈЗ биле пријавени 1.300 заболени од грип. Полека, грипот зема замав. Вкупната бројка на заболени оваа сезона стигна до 5.185 лица. Во споредба со истиот период минатата година постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 4,5%, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 7,4%, објави Здравство 24.

Засега грип нема само во Берово од каде не е пријавен ниту еден случај. Најмногу грипосани има во Тетово – 1.454.

Последната недела до вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 4 материјали за тестирање на грип, од кои 2 позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца А/H3N2.

Од почетокот на сезоната 2014/2015, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ анализирани се вкупно 66 примероци од кои 13 или 19,7% биле позитивни на вирусот на инфлуенца.

Во некои од центрите за јавно здравје се уште има околу 300 вакцини против сезонски грип.