Од историјата на светските фудбалски првенства (7): Поцо единствен со две титули меѓу тренерите

Италијанскиот фудбалски тренер Виторио Поцо е единствениот на светот кој двапати ја освојувал светската титула, и во двата случаи со селекцијата на својата татковина, додека најбројни се Бразилците.

Првата титула Виторио Поцо ја освоил во 1934 година на првенството играно во Италија, а потоа и четири години подоцна на мундијалот во Франција. „Аѕирите“ ги предводел и до златниот медал на Олимписките игри во 1936 година во Берлин.

Поцо, или како што нарекувале „Ил векио маестор“ (стариот мајстор), во историјата на фудбалот ќе остане запаметен и по познатата формација наречена „Ил методо“ којашто овој италијански стратег му ја претставил на фудбалскиот свет на почетокот од XX век.

Имено до 1930 година целиот фудбалски свет играл во формацијата пирамида 2-3-5, којашто ја прославил англискиот клуб Блекбурн Роверс на крајот од XIX век. Но Поцо на светот му го претстави системот 2-3-2-3 кој имал впечатлива надмоќ во средината на теренот блокирајќи го секој обида за противнапад на противникот. Со оваа формација Италија ги освои двете последователни светски титули.

Меѓу тренерите коишто ја освојувале светската фудбалска титула најмногу има Бразилци – петина, и тоа Висенте Феола, Ајмора Мораира, Марио Загало, Карлос Алберто Пареира и Луис Фелипе Сколари. Интересен податок е и оној дека сите репрезентации коишто победувале на светските првенства биле водени од домашен селектор.

Селектори освојувачи на светското првенство

 

1930 Алберто Супичи, од Уругвај, со Уругвај
1934 Виторио Поцо (Италија) Италија
1938 Виторио Поцо (Италија) Италија
1950 Хуан Лопез Фонтана (Уругвај) Уругвај
1954 Сеп Хербергер (Германија) СР Германија
1958 Висенте Феола (Бразил) Бразил
1962 Ајмора Мораира (Бразил) Бразил
1966 Алф Ремзи (Англија) Англија
1970 Марио Загало (Бразил) Бразил
1974 Хелмут Шен (Германија) СР Германија
1978 Сезар Луис Меноти (Аргентина) Аргентина
1982 Енцо Беарзот (Италија) Италија
1986 Карлос Биллардо (Аргагентија) Аргентина
1990 Франц Бекенбауер (Германија) СР Германија
1994 Карлос Алберто Параира (Бразил) Бразил
1998 Еме Жаке (Франција) Франција
2002 Луис Фелипе Сколари (Бразил) Бразил
2006 Марчело Липи (Италија) Италија
2010 Висенте дел Боске (Шпанија) Шпанија
2014 Јоаким Лев (Германија) Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.