Од историјата на светските првенства (8): Рекорди и хет-трикови на мундијалите

берт пејтенод, стрелец на првиот хет-трик на светските фудбалски првенства

На досегашните дваесет светски фудбалски првенства се постигнати точно 50 хет-трикови, а четири фудбалери по двапати на еден натпревар постигнале по три гола, со низа играчки и репрезентативни рекорди.

Американецот Берт Пеjтенод е првиот играч во историјата на светските фудбалски првенства кој на еден натпревар успеал да постигне три гола. Се случило тоа на првото светско првенство во 1930 година во Уругвај во победата на САД над Парагвај од 3:0.

Два дена по него три гола на еден меч постигнал и Аргентинецот Гиљермо Стабиле во победата на „гаучите“ против Мексико од 6:3.

Унгарецот Ласло Киш најбрзо постигнал три гола на еден натпревар на светските првенства. Во мечот против Салвадор на шампионатот во 1982 година запиша хет-трик за само седум минути. Првиот гол го постигна во 70-та, вториот во 74-та, а третиот во 77 минута, а интересно е тоа што во игра влезе во 55 минута од мечот. Тоа е воедно и единствениот случај во историјата на светските првенства резервен играч да постигне три гола на еден дуел.

Англичанецот Геоф Харст е единствениот фудбалер кому му испеало да постигне хет-трик на финален натпревар на светско првенство. На славниот лондонски „Вембли“ во 1966 година постигна три гола во победата од 4:2 на Англија над Германија. Над неговиот втор, а за Англичаните трет гол во овој меч сѐ уште стои сомневањето бидејќи никогаш не е утврдено дали топката ја минала гол линија или не. Тогаш судијата на интервенција на помошникот го признал погодокот.

Аргентинецот Габирел Батистута е единствениот фудбалер кој забележал хет-трик на две последователни светски првенства. Тоа му успеа во 1994 и во 1998 година. Интересно е и што двата натпревара се одиграни на 21-ви јуни, а прво им даде три гола на Грците во аргентинската победа од 4:0, а четири години подоцна и на селекцијата на Јамајка во победата од 5:0. На истиот ден во Нижни Новгород Аргентина ќе игра против Хрватска, но Батистута одамна е во играчка пензија.

Двапати хет-трик постигнаа и Унгарецот Шандор Кочиш против Северна Кореја и против тогашна СР Германија на светското првенство во 1954 година, Французинот Жис Фонтен четири години подоцна против Парагвај и СР Германија, како и Германецот Герд Милер на мундијалот во 1970 година против Бугарија и против Перу.

Следуваат играчките и рекордите на репрезентациите низ историјата на светските фудбалски првенства.

НАЈМНОГУ ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ НА СП: По пет мундијали – Антонио Карбахал (Мексико, 1950 – 1966) и Лотар Матеус (Германија, 1982 – 1998).

НАЈМНОГУ ОСВОИЕНИ ТИТУЛИ: Три титули Пеле (Бразил, 1958, 1962 и 1970).

НАЈМНОГУ ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ: 25 натпревари – Лотар Матеус (Германија, 1982 – 1998).

НАЈМНОГУ ОДИГРАНИ МИТУНИ: 2.217 минути – Паоло Малдини (Италија, 1990-2002).

НАЈМНОГУ НАСТаПИ ВО ФИНАЛЕ: Три финални натпревари – Кафу (Бразил, 1994, 1998 и 2002)

НАЈМЛАД ИГРАЧ: 17 години и 41 ден – Норма Витсајд (меч Северна Ирска – Југославија, 1982)

 

НАЈМВОЗРАСЕН ИГРАЧ: 43 години и 3 дена – Фарид Мондрагон ( меч Колумбија – Јапонија, 2014)

НАЈМНОГУ ГОЛОВИ: 16 голови – Мирослав Клозе (Германија, 2002 – 2104)

НАЈМНОГУ ГОЛОВИ НА ЕДНО СП: 13 голови, Жис Фонтен (Франција, 1958).

НАЈМНОГУ ГОЛОВИ НА ЕДЕН НАПТРЕВАР: 5 голови Олег Салјенко (меч Русија – Камерун, 1994)

НАЈМЛАД СТРЕЛЕЦ: 17 години и 239 дена – Пеле (меч Бразил – Велс, 1958)

НАВОЗРАСЕН СТРЕЛЕЦ: 42 години и 39 дена – Рожер Мола (меч Камерун – Русија, 1994)

НАЈБРЗ ГОЛ: 10,89 секунди – Хакан Шуќур (меч Турција – Јужна Кореја, 2002)

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ НАСТАПИ НА СП: 20 шампионати – Бразил

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ НА СП: 106 натпревари – Германија

ЗЕМЈА СО НАЈМАЛКУ ОДИГРАНИ НАПТРЕВАРИ НА СП: 1 натпревар – Индонезија (како Холандско Источна Индија)

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОБЕДИ НА СП: 70 победи – Бразил

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОРАЗИ НА СП: 24 порази – Мексико

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ НЕРЕШЕНИ СРЕДБИ НА СО: 21 реми – Италија

НАЈМНОГУ НАТПРЕВАРИ БЕЗ ОСВОЕН БОД НА СП: 6 натпревари – Славадор

НАЈМНОГУ ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ НА СП ПРЕД ПРВАТА ПОБЕДА: 17 натпревари – Бугарија

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ НА СП: 224 голови – Германија

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПРИМЕНИ ГОЛОВИ: 121 гол – Германија

ЗЕМЈИ СО НАЈМАЛКУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ НА СП: 0 голови – Канада, Кина, Индонезија (како Холандска Источна Индија), Тринидад и Тобаго, ДР Конго (како Заир)

ЗЕМЈА СО НАЈМАЛКУ ПРИМЕНИ ГОЛОВИ НА СП: 2 гола – Ангола

НАТПРЕВАР СО НАЈМНОГУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ НА СП: 12 голови на мечот Австрија – Швајцарија 7:5 во полуфиналето од мундијалот во 1954 година

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ НА ЕДНО СП: 27 голови – Унгарија во 1954 година

ЗЕМЈА СО НАЈМАЛКУ ПРИМЕНИ ГОЛОВИ НА ЕДНО СП: 0 голови – Швајцарија во 2006 година

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ МИНУТИ БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ НА СП: 559 минути – Швајцарија (1984, 2006 и 2010).

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОБЕДИ НА СП: 11 победи – Бразил (од 2002 до 2006)

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ НАТПРЕВАРИ НА СП БЕЗ ПОРАЗ: 13 натпревари – Бразил (од 1958 до 1966)

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОЛСЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ НА СП: 9 порази – Мексико (од 1930 до 1958)

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ НАПТРЕВАРИ НА СП БЕЗ ПОБЕДА: 17 натпревари – Бугарија (од 1962 до 1994)

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ НЕРЕШЕНИ НАТПРЕВАРИ ВО НИЗА НА СП: 5 натпревари – Белгија (од 1998 до 2002)

ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ НАТПРЕВАРИ НА СП БЕЗ НЕРЕШЕН РЕЗУЛТАТ: 16 натпревари – Португалија (од 1966 до 2006).