Крими хроника

Од изнајмен стан во Гостивар продавале кокаин и марихуана

Од изнајмен стан во Гостивар продавале кокаин и марихуана

Двајца дилери на кокаин и марихуана изнајмиле стан во Гостивар од кој ја препродавале дрогата се уапсени во средата, при што полициијата го запленила нивниот тефтер во кој ги бележеле клиентите и сумите.

Вчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршиле претрес во стан на улицата „Беличица“, сопственост на 57-годишниот С.С. од гостиварското село Чегране, кој под наем го користел 31-годишниотИ.А. од Скопје заедно со лицето 34-годишниот З.Р. од Ростуше.

При претресот биле пронајдени и со потврда биле одземени две најлонски кесички со кокаин, една најлонска кесичка со марихуана, алуминиумска фолија со кокаин, кокаин истурен на маса, една тетратка со напишани иницијали и суми на пари.

А.И. и З.Р. се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.