Македонија

Од јануари до август 223 милиони евра странски директни инвестиции

Од јануари до август 223 милиони евра странски директни инвестиции
Пораст на странските директни инвестиции, објави Народната банка.

Од јануари до август во земјава вложени се 223 милиони евра, сума која е за 67 милиони евра поголема во однос на истиот период лани. Само во месец август инвестирани се 54,55 милиони евра, што е најголема сума од  почетокот на годината. Според надлежните, инвеститорите ја препознаваат подобрената бизнис клима во земјата, а со рангиранањето во Дуинг бизнис, може да се очекуваат уште нови инвеститори.

– Странките компании пред да инвестираат во некоја земја, прво ги читаат Извештаите на реномираните институции, како Светска банка и слично. Со најновото рангирање на листата во Дуинг бизнис, се очекува дека уште нови компании ќе ја одберат Мкаедонија з аземја каде ќе ги вложат своите пари, изјави Кирил Миноски, министер за финансии.

Најмногу капитал се слеал од Германија, Турција и Италија. Гледано по сектори во  производство на возила, транспортна опрема, приколки, полуоприкалки, како и услуги се вложени најмногу пари.