понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 13

Од јануари повеќе работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - септември 2016 година, во однос на јануари - септември 2015 година, бележи раст од 0,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

индустријата

Поврзани вести

Според објавените податоци во септември годинава во однос на септември лани бројот на работници бележи намалувње од 0,9 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година бележи пораст од 2,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, бележи пораст кај Енергија за 2,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто, капитални производи за 7 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.

Најчитани вести