Од „јазлеста кожа“ заболени 62 говеда, сомнителни 829

Досега се заклани и нештетно уништени 362 грла, а се утврдени 53 жаришта во 14 општини, Демир Капија, Штип, Радовиш, Делчево, Босилово, Василево, Дојран, Ново Село, Валандово, Пехчево, Берово, Виница, Гевгелија и Македонска Каменица.

– Бројот на заболени и афектирани животни е 0,3 отсто од вкупната популација говеда во земјава што е многу помалку во споредба со соседните земји (Бугарија и Грција) каде бројката достигнува до 7,5 илјади, информира АХВ.

Според Агенцијата, навреме се преземаат сите мерки за заштита и за спречување на ширењето на болеста.  Наскоро треба да пристигнат вакцините.

– До тогаш апелираме сточарите да се придржуваат до препораките за заштита на животните и фармите зашто само со соодветно и навремено преземени превентивни и мерки за заштита може да очекуваме дека бројот на заболени грла нема рапидно да се зголемува, наведува АХВ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.