Од јули бесплатен одмор за деца од социјално ранливи семејства

Од почетокот на реализацијата на проектот за бесплатен одмор за деца од социјално ранливи категории околу 12 илјади деца ја искористиле оваа услуга што им ја овозможува државата.

Во наредните два месеци на бесплатен летен одмор ќе заминат 2.000 деца, информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање..

Годишно финансираме беспалтен одмор на децата од семејствата коишто се приматели на социјална парична помош, децата од семејства коишто се приматели на посебен додаток односно децата со пречки во развојот како и за децата без родителска грижа или пак децата од многудетните семејства коишто се во потешка материјална состојба. Околу 2.000 дечиња на годишно ново 2012 па наваму одат на бесплатен летен одмор во летните центри во РМ на некои од езерата најчесто во Охрид и Струга, додека околу 1.000 дечиња на годишно ниво одат на бесплатен зимски одмор, рече тој.

Од 2012 досега 12 илјади деца заминале на бесплатен одмор. Проектот, како што појасни министерот ќе продолжи и натаму,  и ова лето услугата ќе ја искористат уште 2.000 деца.

Очекуваме од почетокот на следниот месец односно почетокот на јули првата група да започне да го искористува бесплатниот летен одмор и некаде од крајот на месец август во Струга на бесплатен летен одмор да отидат околу 2.000 дечиња од социјално загрозени категории на семејства, рече министерот за труд и социјална политика.

Најави дека овој проект ќе продолжи да се реализира и во иднина.