Македонија

Од јуни до сега Визер превезла милиони патници

Од јуни до сега Визер превезла милиони патници

Најголемата ниско буџетна авио- компанија во Источна Европа – Визер денеска објави дека од стартот на нивната работа во Скопје во јуни 2011 до сега имаат превезено еден милион патници.

-Ние сме воодушевени од извонредниот раст кој го забележуваме во Македонија. Во 2012 година најавивме едeн авион во Скопје и со самото пристигнување на вториот авион во март 2014 година, ги удвоивме сите наши очекувања креирајќи нови работни места и повеќе рути од Македонија. Ние остануваме посветени кога станува збор за поддршка на туризмот и на воздухопловството во државата. Моментално вработуваме 47 луѓе како дел од екипажот за овие два авиона и сè уште бараме нови кандидати. Ние сме им благодарни на нашиот персонал од Македонија и на патниците што го поддржуваат извонредниот пораст на македонските нискобуџетни рути, изјави Даниел де Карвалхо.

Визер моментално имаат два авиони „Ербас А320“ кои досега имаат пренесено скоро 600.000 патници во последните 12 месеци на 14 рути во 8 земји. Ова се поклопува со очекувањата за 1 авион и 300.000 патници за година, најавено во 2012.

Меѓународниот аеродромски совет, кој претставува преку 450 аеродроми во 45 европски држави вклучувајќи ја и Македонија, откри дека за превезени милион патници, се подржуваат 1.000 работни места во регионот. Визере воодушевен што наместо да подржува 300 работни места во регионот, како што било предвидено, подржува 600.