Паркирање во катната гаража пред Работнички од јуни

Катната гаража кај Работничкиот уни­вер­зи­тет „Кочо Рацин”, од јуни ќе почне да функционира. Во тек се финалните зафати за изведба на пар­кинг-просторот, како и застаклувањето на надворешниот дел на објектот, пишува „Вест“.

„Цените сè уште не сме ги ут­вр­ди­ле, но ќе бидат колку и оние на паркингот спроти ‘Холидеј ин’ со кој, исто така, сто­па­ни­су­ва­ме ние, но ќе се наплатува од час. На паркингот спроти ‘Холидеј ин’ се нап­ла­ќа 40 денари за првите три часа, а секој следен е 20 денари. Останатиот дел од об­јек­тот, односно деловниот простор сè уште не е готов. Тој ќе почнеме да го из­нај­му­ва­ме наесен. Бевме ориентирани прво да го изградиме паркинг-просторот, за да овоз­мо­жи­ме нови паркинг места во центарот на градот”, вели за „Вест“, Цветко Грозданов- ди­рек­тор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Изградбата на оваа катна гаража која почна да се гради во 2011 година, чини 8 ми­ли­о­ни евра.