Од Јутјуб отстрането видео на албански рапер кој повикува на убиство на Срби

Контроверзниот спот за песната “Пушка на слободата” на албанскиот рапер Аријан Агуши, од вчера не може да се најде на Јутjуб.

По предупредувањето на косовски Срби, дека песната во која се пука на српската полиција е навредлива, опасна и дека претставува директен повик за насилство, видеото било отстрането.

Во таа песна Албанците го возвишуваат јунаштвото на Захир Пајазити од Подујево, кој се борел во редовите на Ослободителната војска на Косово, а кој бил убиен во вооружени судири од силите за безбедност на СР Југославија во 1998. година.

Албанскиот рапер “Gold Ag” е главен актер во шокантната снимка, а во својата кариера веќе имал неколку песни во кои ги навредувал Србите и повикувал на линч на Србите во Косово. Неговите песни “Shqipar” и “Shqiptar2″ имале по неколку милиони прегледи на Јутjуб.

“Во сцените во кои доминира насилство и се промовира убивање на српски полицајци, но и егзекуција на наводни “домашни предавници”, како социјално и национално прифатлив модел кој треба да се пренесе од колено на колено, додека истовремено се пее за загинати припадници на ОВК и се слави етничка или голема Албанија, младите Албанци кои ја слушаат оваа музика праќаат јасна порака за тоа што се очекува од нив”, навел градоначалникот на Северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, за RTS.