Балкан

Од каде има Драгица Николиќ 7 милиони евра?

Од каде има Драгица Николиќ 7 милиони евра?

Деловниот приход на фондацијата на првата дама на Србија, Драгица Николиќ во 2013 година бил 118 илјади евра, додека пак оваа година тој е зголемен за дури 57 пати.

Претседателот Томислав Николиќ и неговата сопруга Драгица одбиваат да положат сметки и откријат кој е толку многу дарежлив донатора на фондацијата „Драгица Николиќ“.

Фондацијата е основана на 23 јануари 2013 година и до 1 октомври оваа година потрошила неверојатни 7 милиони евра, но и по 22 месеци од почетокот со работа до денеска тоа е најстрого чувана тајна која има милиони евра за хуманитарните организации на правата дама.

Фактот дека, според важечкиот закон, хуманитарните организации не се должни да ги објават имињата на донаторите, но фондацијата „Драгица Николиќ“ сепак има специфичен статус. Нејзините простории се наоѓаат во зградата на Претседателството на Србија, што е користење на државни ресурси.