Од кафеанска кавга до забивање на нож во срце

Воислав С. (51) е свирепо убиен синоќа околу 23:20 часот во кафеанска расправија на улицата Цер во Врачар со забодување на нож во срце.

Според првичните информации на убиството му претходело арогантно однесување од гостинот Воислав С. поради што дошло до еасправија, а потоа и тепечка, кога кел нерот Миодраг Љ. (58) наводно извадил нож и му го забил директно во срцето.

Полицијата од Врачар по пријавувањето на случајот, веднаш го привела осомничениот Миодраг.

Телото на убиениот е дадено на обдукција, а за подетални информации од истрагата трба да се утврдат околностите за убиството.