Од какви жени се плашат мажите и зошто

Постојат голем број примери од историјата на поновото време кога жените, ослободени од патријархалната догма имале секс со мноштво партнери па дури и сопрузи. Доколку жените што имаат многу секс биле ограничени или тесногледи, тогаш таквите општества воопшто не би постоеле, ниту би опстојувале.

Без разлика на се, овие примери исустрираат дека бројот на сексуалните врски што жената го имала бил повеќе поврзан со социјалните норми на општеството отколку со биолошката предодреденост.

Мит: Жените што имаат многу секс не се во состојба да се обврзат

Истражувањата покажуваат дека мажите и жените ја бараат прегратката на саканата личност во животот. Студиите покажуваат дека кога има слаб интензитет на сексот (поголем број кај оженетите мажи отколку кај омажените жени) неверството во врските се намалува затоа што жените се во потрага и поставуваат услови во рамки на кои доаѓа до врска и секс.

Кога станува збор за зголемен интензитет на сексот (поголем број кај омажените жени отколку кај оженетите мажи), каде побарувачката за мажи е поголема и имаат повеќе опции, бројот на неверства се зголемува. Најголем број истражувања укажуваат на тоа дека жените изневеруваат кога се емотивно незадоволни или за да остварат подлабока врска со некој друг.

Мит: Жените денес имаат повеќе секс отколку пред 10 години

Бројот на сексуални партнери на жените на возраст од 15 до 44 години во 2002-та година наспроти бројот во 2008-та година практично е ист.