АНАЛИЗА: Од клупите на најскапите училишта, до банките на Ротшилд – Кој е новиот претседател на Франција

Макрон

Европа и светот може да здивнат. На претседателските избори во Франција победи Емануел Макрон, кандидат на политичкиот центар, проевропјанин, и заговорник на толеранцијата. Интересен е податокот дека дури 25,3 отсто од Французите не гласале во вториот круг, што е историски рекорд за оваа земја.

Се покажа дека Марин Ле Пен не успеа да привлече доволно гласачи со својата анти-ЕУ и исламофобска политика. Но, никако не смее да се занемари фактот дека успеа да освои 35 отсто од гласовите и со тоа да потврди дека од 2002 година до сега, во Франција е двојно поголема поддршката на радикалната десница – пред 15 години нејзиниот татко успеа да осви само 17 отсто од гласовите.

Стоп за популизмот

По резултатите од референдумот за Брегзит во Обединетото кралство, и по победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, Франција е првата голема и влијателна држава на светската сцена, која покажа дека трендот на популизмот и на затворање на границите нема да го продолжи, туку дека припаѓа во идејниот извор на европска социјална држава.

Урбаната младина и средната класа во Париз, масовно го поддржа цнтристот Макрон, или пак, намерата било да се гласа против Ле Пен. Сите гласачи во парискиот 14-ти арондисман, кои дале изјава за медиумите, по излегувањето од изборното место, рекле дека гласале за Макрон.

Иако, сите кандидати јавно се претставуваа како гаулисти, Фондацијата „Шарл Де Гол“ јавно соопшти дека се оградува од идејата за затворена Франција, каква што пропагираше Националниот фронт. Партијата на Ле Пен, пак, ја обвини Фондацијата за мешање во политика и „целосно неразбирање во однос на ставовите и политиките на Де Гол“.

Кандидатот на републиканците, поранешниот премиер Франсоа Филон, беше првиот избор на бизнис заедницата во земјата, која смета дека токму тој сторил најмногу за намалувањето на јавната потрошувачка и дефицитот. Сепак, во вториот изборен круг бизнис заедницата застана црвсто зад Макрон, кој понуди изводлива економска програма, додека платформата на Ле Пен беше доживеана како „листа на неоставрливи желби“. Некои сопственици на помали компании, пак, сепак застанаа зад Ле Пен. Иако добро знаеа дека нејзината економска програма за враќање на старата национална валута и затворање на границите е погрешна, најверојатно беа привлечени д нејзината популистичка порака за воведување на ред и грижа за малиот човек.

Но, што подалеку се оди од големите француски градови, толку Ле Пен е попопуларна. Французите од малите рурални заедници, со помалку од 1.000 жители, какви во Франција има околу 20.000, мнозински ја поддржаа Ле Пен, иако релано до нив не допира ниту еден од проблемите, кои најмногу се споменуваа во изборната кампања – емиграцијата и тероризмот. Бројни француски земјоделци се под притисок на трговските синџири, кои нудат се’ пониски откупни цени. За ова фармерите ги обвинуваат увозот на храна. Илјадници мали семејни економии пропаднаа бидејќи фармите со помалку од 2о0 хектари земја едноставно престанаа да бидат исплатливи. Проблемот е толку многу изразен во Франција што во просек секој втор ден по еден земјоделец извршува самоубиство.

Еден од претставниците на земјоделците, на национално ниво, изјави дека бројните граѓани, кои зависат од земјоделието, едноставно повеќе не гледаат излез од сегашната ситуација.

„Луѓето сакаат да го уништат…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.