АНАЛИЗА: Од клупите на најскапите училишта, до банките на Ротшилд – Кој е новиот претседател на Франција

„Луѓето сакаат да го уништат сегашниот систем и воопшто не се прашуваат што доаѓа по него“, изјавува првиот земјоделски синдикалист.

Кој е Емануел Макрон?

Емануел Макрон, триесет и деветгодишен поранешен банкар од Амиенс, со победата на претседателските избори стана најмладиот шеф на француската држава од времето на Наполеон до сега. Макрон е социјал-либерал, про-бизнис и про-европски ориентиран, и нуди визија за зајакната компетитивна француска економија, отворена за светот. За себе вели дека не е ниту левичар, ниту десничар. Должноста во Елисејската палата ја освои со спротиставување на политичката елита, иако и самиот потекнува од неа.

Кога во 2012 година одлучи своите вештини на инвестициски банкар да ги употреби во политикчката арена, и стана советник на тогашниот претседател Франсоа Оланд, се чинеше дека на Макрон му претстои вртоглав успех во редовите на традиционалниот естаблишмент.

Но, по само две години министерски стаж, од 2014 до 2016 година, тој ја напушта Социјалистичката партија и го основа своето движење „En Marche!“ (Напред) и како политички аутсајдер, независен кандидат на политичкиот центартргнува во претседателската трка, при тоа праќајќи силни пораки против елитата на која и’ припаѓаше.

Макрон

Макрон досега не бил избран на ниту една пиолитичка функција и на почетокот на кампањата неговите противници го исмејуваа поради тоа.

„Сигурен сум дека францускиот народ нема да ја стави својата судбина во рацете на на човек без искуство, кој досега не покажа ништо“, велеше Франсоа Филон.

Но, метеорскиот успех на Макрон многумина го припишуваат на желбата за свежно лице во комбинација со неочекуваниот крах на неговите уважени противници. Чувствувајќи незадоволство до „статус кво“ ситуацијата во земјата, најави дека ќе го протресе естаблишментот, иако и самиот одел во престижни француски училишта, заработувал баснословни суми како банкар на Ротшилд, и беше министер за економија за време на владеењето на Оланд.

„Франција е блокирана поради тенденцијата на нејзината елита да си служи сама себе си. А, јас тоа го знам бидејќи бев дел од неа“, рекол Макрон во свој говор за време на кампањата.

Макрон дипломирал на елитниот париски иснтиту за политички науки, а потоа магистрирал философија. Школувањето го продолжил на „Ecole Nationale d’Administration“ – (Национално училиште за администарција), каде се обучуваат водечките француски бирократи. Во министерството за економија четири години (2004-2008) работел како инспектор, а потоа следните четири ги провел во банката на Ротшилд.

Уште како министер го критикувал францускиот социјален модел, како што е 35 часовната работна недела, доживотното вработување во јавните служби, и престрогата заштита на работниците од отказ. Таквите пораки во текот на кампањата го претворија во најпопуларниот француски политичар, што е голем успех за поранешен банкар во земја во која многумина го презираат светот на високите финансии. Тврди дека му е амбиција да ја премости традиционалната поделба на лево и десно, која според него предолго доминира во француската политика. Кога во септември, лани, го основаше своето движење, многу аналитичари го сметаа за…