Од кого се плаши Заев и на приватни забави оди во конвои?

Луксузни автомобили и десетина службени возила се ангажирани во саботата при престојот на премиерот Зоран Заев на приватна забава. Станува збор за чалам или, пак, премиерот не се чувствува безбедно меѓу своите граѓани , а се поставува прашањето – зошто?!

Охридскиот портал Охрид1 објави видео снимка како премиерот Зоран Заев со свита луксузни автомобили со ротациони светла и многу помпа го напушта Охрид во саботата вечерта.

„Премиерот Зоран Заев кој денеска беше во приватна посета на Охрид вечерва го напушти градот, а објективот на Охрид 1 го регистрира премиерскиот конвој следен од големо полициско обезбедување на кружниот тек меѓу улиците Јане Сандански и Питу Гули во Охрид“, објави порталот.

Во извештајот се додава дека Заев бил во приватна посетa на Охрид каде присуствувал на отворање на еден хотел, сопственост на бизнисмен близок до СДСМ, а движењето на лидерот на СДСМ во текот на целиот ден било под силно полициско обезбедување.