Од кол центарот за хронични пациени контактирани 29.214 осигуреници

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 29.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика.

Од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во периодот од 1 октомври 2015 до денес, од ФЗОМ констатираат дека продолжуваат да наидуваат на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактираме.

Голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил.Сепак, има и осигуреници кои иако знаеле дека се болни, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. Во разговорите со осигурениците и укажување од нашите вработени, овие осигуреници се согласиле посовесно да се однесуваат кон своето здравје и да ги слушаат препораките на лекарите, велат од ФЗОМ.

Оттаму посочуваат дека осигурениците се интересирале и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се: остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација, како продолжено болничко лекување и бараа дополнителни информации за лекови на позитивната листа. Осигурениците, исто така, во раговорите се интересирале и за користење на новите електронски услуги на Фондот.

Тимовите се составени од вработени од поголемите подрачни служби како што се: Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово. Тие и се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста.