Од куќа на битолчанец украдени 23.000 долари

Вкупно 23.000 австралиски долари биле украдени од куќа на битолчанец.

Како што информира МВР,  вчера во 10,15 часот во СВР-Битола, К.К.(1959) од Битола, пријавил дека во периодот од 01.07 до 16.07.2016 година од страна на непознат сторител, извршена е кражба во куќата на неговиот татко, при што од под креветот од акт ташна одземени му се 23.000 австралиски долари.

Извршен е увид, а СВР-Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.