Од куќа украдени две пушки и пиштол

Крадец провалил во куќа во скопско Влае од каде украл три парчиња оружје, пари и накит, информираше МВР.

Кражбата се случила во домот на Л.З.(53) на улицата Франц Прешерн.

Според неа, во куќата било провалено во периодот 9.45 до 11.30 часот кога таа не била дома.
Крадецот на сила влегол внатре и украл две пушки и пиштол марка „Црвена Застава М-88“ калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг.

Освен оружјето, провалникот зел златен накит и 70 евра, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.