Од куќа во Арачиново, украдени 120.000 евра

Засега непознат арамија, ноќеска од куќата на 45-годишниот С.И. од скопско Арачиново украл 120.000 евра. Парите газдата пред скоро време ги подигнал од банка откако продал голема нива. Ги сокрил во спалната соба.

Газдата тврдел дека во куќата било целото семејство, но според нивните тврдења, никој не го слушнал крадецот кога влегол. Од МВР велат дека по извршениот увид е започната истрага.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.