Од куќа во Битола украдени 10.000 евра

Десет илјади евра се украдени од куќата на 48-годишниот Љ.М. од Битола, извести полицијата.

Засега се знае дека во деновите од викендот кој мина, крадецот влегол во куќата лоцирана на улицата Трајче Стефановски преку балконската врата. Во една од собите крадецот нашол 10.000 евра и златен накит и избегал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.