Од куќа во Битола украдени девизи и накит вредни половина милион денари

Битолчанец остана без девизите и накитот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи  вчера се случила тешка кражба во куќата на 42-годишниот Г.О. на улицата Девејани во Битола.

Арамијата успеал со употреба на погоден предмет да ја отвори влезната врата, па да влезе во куќата од украл девизни средства и разновиден златен накит.

Со плен од околу 500.000 денари крадецот избегал во непознат правец.