Од куќа во Скопје украден златен накит вреден 5.000 евра

Скопјанец остана без накитот вреден 5.000 евра откако арамија му влезе во домот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред два дена арамија провалил во домот на 58-годишниот Д.Ј. на улицата Алексо Демниевски во Скопје.

Арамија со погоден предмет ја отворил вратата  и украл златен накит вреден 5.000 евра.

Скопската полиција работи  на откривање на сторителот.

Ден пред тоа, арамија провалил во куќа во Ѓорче Петров, украл накит, пари и пушки, правејќи штета од 1,8 милиони денари.