Од куќа во Тетово украдени злато и пари вредни над половина милион денари

Тетовец остана без парите и златото вредни над поливина милион денари откако арамија му провали во домот.

Министерството за внатрешни работи соопшти  дека пред два дена мета на арамии бил домот на 41-годишниот Б.М. од Тетово. Арамијата провалил во куќата на улицата на Јордан Златаровски откако се прекачил преку прозорецот.

Арамијата собрал златен накит и пари вредни 540.000 денари.

Полицијата трага по него.