Од куќа во тетовско украден златен накит вреден 15 илјади евра

Од куќа во тетовско Боговиње сопственост на И.З. (25) бил украден златен накит во вредност од околу 15 илјади евра. Тешката кражба била извршена вчера во периодот од 19 часот и 30 минути и 21 часот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Според пријавата засега непознати сторители го искористиле моментот кога немало никого дома по што со погоден клуч-калауз ја отвориле влезната врата од куќата.

Откако влегле внатре, појасни Јосифоски, целосно ја пребарале внатрешноста и од фиока во спалната на катот одзеле поголема количина златен накит чија вредност  сопственикот ја проценува на околу 15 илјади евра.

– Незабележани од никого крадците со пленот избегале. Полицијата извршила увид и работи на откривање и приведување на сторителите, рече Јосифоски.