Од листерија почина уште едно лице

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека 46 годишниот пациент од Неготино, кај кој беше добиен позитивен изолат на Листерија, претпладнево почина на клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Пациентот беше хоспитализиран на 03 Август 2014 година, под клиничка слика на акутен гастроентероколит, кај кого со дополнителни испитувања беше потврдена инфекција и на централниот нервен систем. Поради влошување на болеста, пациентот беше поставен на механичка вентилација. Во лекувањето покрај инфектолози, беа активно вклучени и анестезиолози од КАРИЛ. И покрај сите превземени тераписки мерки состојбата на пациетот константно се влошуваше со несакан исход на болеста“, се вели во соопштението.