Од магацин украле делови за инсталација на водовод и водомери вредни 13.400 евра

Штета од 13.400 евра има скопската фирма „АТА Металотехна“, од чиј магацин пред една седмица непознати сторители украле делови за инсталација на водовод и водомери, соопшти скопската полиција.

Кражбата е пријавена во вторникот. Вработена во фирмата во полициската станица Бит Пазар пријавила дека од магацинот на „АТА Металотехна“ на улица Македонско-Косовоска бригада на 24 или 25 декември непознат сторител влегол во магацинот преку покривот, по што ја украл опремата вредна 825.053 денари.

Полицијата трага по сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.