Од мај започнува со работа „Техникал текстаил“ – можност за 1.000 нови вработувања

До крајот на мај ќе започне со производство новата фабрика на германскиот инвеститор „Техникал текстаил“ во технолошко индустриската развојна зона – Штип. Фабриката ќе вработи вкупно околу 1.000 луѓе.

Денеска беше потпишан договорот за реализација на инвестицијата од страна на директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и сопстевникот на германската компанија Техникал текстаил, Јенс Вендланд.

-Планиравме првично инвестицијата да биде во Абу Даби, меѓутоа кога ги видовме условите во Македонија, го променивме мислењето затоа што тука работите се одвиваат многу брзо. Во Абу Даби за реализација на инвестицијата ни беа потребни 2 години, тука во Македонија од првиот состанок до сега нема поминато една година, што е многу добро време, рече Вендланд.

gr_vendland (2)

Тој најави дека  доколку се оди според очекувањата, има можност за една година да биде отворено ново производство за алуминиум и пластика.

Првите 50 вработени веќе се испратени на обука во Словачка, а итно во фабриката ќе бидат вработени вкупно околу 300 до 400 нови лица. Компанијата ќе бара лица кои што имаат искуство во работата со печатење и сл.

Директорот на дирекцијата за ТИРЗ Мизо посочи дека целата инвестиција се реализира за една година, односно дека инвестицијата е официјализирана во мај минатата година и оти за една година ќе има функционална фабрика која ќе произведува и извезува.

Фабриката ќе се простира на 13.000 метри квадратни и ќе се произведува производ кој сега се прави во нивната фабрика во Словечка, а имаат и одредени операции во Кина и Обединетите Арапски Емирати.

Мизо истакна дека со сопственикот на Техникал текстил компанија веќе се во разговори за тоа кои се другите потенцијални инвестиции не само од неговата компанија туку и нивните бизнис партнери.

gr_vendland (1)

Пред потпишувањето на договорот Вендланд оствари средба и со претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.